јуни 7, 2023

Само 36 од 1100 училишта побарале настава со физичко присуство

Школо

Од околу 1110 училишта во Македонија, само 36, 21 основно и 15 средни побарале физичка настава во новата учебна година која ја за прв пат ќе почне на први октомври.

Рокот за да се поднесе барање истекува денеска, а преставници на МОН и владата кои формираа и комисија ќе ги разгледуваат документите, пред да донесат конечна одлука на кои од школите ќе им се дозволи да ги примат учениците назад на училиште.

Битола е еден од каде што повеќето училишта и средни и основни се изјаснија и побараа физичка настава.

Па така од 12 основни училишта во Битолско, дури 6 побарале школската година да почне со класична настава.

Од шест средни училишта пак,  пет сакаат  за 20 дена да има настава со физичко присуство.

Сепак од МОН велат дека и училиштата кои поднеле вакво барање  ќе треба да се подготвуваат и за онлајн-настава бидејќи не се знае како ќе се менува епидемиолошката состојба.

А наскоро ќе бидат објавени и протоколите за школските и за студентските домови.

За авторот

Сподели