октомври 25, 2020

Македонија загадена и во лето, денеска Скопје во топ најзагадените градови во светот

Иако сме во пандемија, аерозагадувањето не е за занемарување.

Скопје денеска е 19-от најзагаден град во светот, стои на веб страницата на air vusual.

Македонија влегува во црвената зона на земји со загадување со ПМ 2,5 честички со концентрации над 25 микрограми на кубен метар.

Ова е наведено во годишниот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) за 2019 година, кој беше објавен пред два дена.

Критично загадување на воздухот има во скопскиот и северозападниот дел на Македонија.

Заедно со останатите земји од источна и југоисточна Европа, Maкедонија има и повеќе од 1.500 смртни случаи на 100.000 жители годишно, како последица од загадениот воздух, што е највисок процент во Европа.

И претходните години, Македонија и БиХ важеа за едни од најзагадените земји во Европа.

И покрај сето ова градоначалникот на Скопје Петре Шилегов буквално мува не го лази, а граѓаните упорно како и секоја година ги лаже дека загадувањето е од самите нив бидејќи се греат на дрва.

Во својата најнова програма и премиерот Заев вети уште една голема лага, а тоа е дека ќе се борат до 2024 година да го намалат аерозагадувањето.

Сепак целата јавност е сведок и дека во првиот мандат тој не успеа да мрдне ниту со прст за овој голем и сериозен проблем кој ќе се појави со поголем интензитет наскоро…

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •