Коха јавно го пишува она што Приштина не сака да си го признае: Никогаш појасна порака од ЕУ дека Косово не е држава за нив

Косово
Познато е дека Косово не се третира како суверена држава во Европската унија, но претставниците на ЕУ секогаш го релативизирале ова прашање зборувајќи за европската перспектива, пишува Коха.
Во текстот се наведува дека, сепак, никогаш не било изнесено толку јасно дека т.н. Косово не е земја за Европската унија и не може да аплицира за членство во ЕУ, како што неодамна направи портпаролот на ЕУ Питер Стано на прес-конференција. Целта на договорот помеѓу Белград и Приштина е да се стават границите настрана што е можно повеќе! Коха потсетува дека Стано ова го кажа одговарајќи на прашањето дали Косово може да аплицира за членство во ЕУ, бидејќи тоа сега е дел од обврската во документите потпишани во Вашингтон, каде беше ветено дека нема да се бара членство во меѓународни организации. Стано не сакаше да коментира што се случи во Вашингтон, велејќи дека тоа се однесува на страните во договорите, а не на ЕУ, но се ограничи на појаснувања во врска со можноста Косово да аплицира за членство во ЕУ. „Што се однесува до вашето прашање дали Косово ќе може да аплицира за членство во ЕУ, се плашам дека мора да ве потсетам на фактот дека сè уште има пет земји-членки кои не го признааваат Косово како држава. Косово сè уште не е во можност да аплицира за официјално членство во ЕУ, рече портпаролот на ЕУ, додавајќи сепак дека Косово има јасна европска перспектива.