Заев: Парламентарното мнозинство ќе расте, ќе истераме цел мандат

Веќе најавив дека добив уверување за поддршка од дополнителни тројца пратеници надвор од парламентарното мнозинство за одредени проекти, но не можам да ги откријам, рече премиерот Зоран Заев на МТВ.
-Поддршката се однесува за одредени проекти, но кога ќе дојдат на ред ќе се видат гласовите – рече Заев, додавајќи дека во следниот период очекува зголемување на мнозинството, но, како што рече, стабилноста на владата не зависи од бројките туку од политиките.
Тој додаде дека не планира предвремени парламентарни избори се до редовниот термин во 2024 година поради предвидливост.
-Сега ќе има локални избори, па 2022 и 2023 година нема избори-убавина, за економијата, за стопанството… – истакна Заев.
За авторот
Сподели