Заев: На почетокот на 2021 ќе се знае за вакцината, државата мора да биде спремна

На почеток на следната година треба да дојде вакцината за Ковид 19, рече премиерот Зоран Заев при денешното гостување на МТВ.
-На почетокот на 2021 ќе се знае за вакцината. Не верувам дека веднаш 100 отсто ќе се вакцинираме, но голем процент ќе сакаат, па државата ќе треба тоа да го плати. Мора да бидеме спремни на тоа… – рече Заев.
Тој додаде дека нема проблем да се набави и руската вакцина, доколку, како што истакна, биде според процедурите и стандардите на СЗО.
За авторот
Сподели