ноември 25, 2020

Windows XP и натаму упорно се користи од 25 милиони луѓе

Десктоп оперативниот систем Windows XP иако е стар веќе 20 години и натаму упорно се користи кај дел од корисниците кои се уште не направиле надградба со некоја понова верзија.

Според проценките на Net Applications околу 1,26% од активните уреди и натаму имаат инсталирано Windows XP оперативен систем кој веќе од 2014 година не добива никаква софтверска поддршка ниту безбедносни надградби.

Во многу државни институции и компании и натаму се работи со стар оперативен систем иако новата верзија на Windows 10 е бесплатна и целосно безбедна.

Windows XP беше еден од омилените системи на бројни генерации бидејќи следните две верзии како Windows Vista и Windows 8 беа разочарување и не ги исполнија очекувањата.

Затоа Microsoft се одлучи да го лансира веднаш Windows 10 и да скокне цела генерација на развој за да обезбеди врвно десктоп искуство.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •