октомври 23, 2020

72 нови случаи на ковид-19, 3 починати и 54 оздравени

Covid-19-1

Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3 и во Свети Николе-1. Оздравени се 54 пациенти, а починаа 3 лица, информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравени пациенти и тоа од Скопје-8, Куманово-7, Штип-4, Тетово-1, Струга-4, Велес-2, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-11, Гевгелија-1, Крива Паланка -2, Кочани-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3 и од Кичево-2. 

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44), пациент од Гостивар (58) веднаш по приемот во болница и еден пациент од Охрид (79). Сите се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.293,  бројката на оздравени пациенти е 12.754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.905. Денеска се регистрираат пет контролни тестови од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.177, активни 588

• Куманово 1.554, активни 230

• Дебар 264, активни 31

• Штип 1191, активни 90

• Прилеп 532, активни 140

• Тетово 1.260, активни 105

• Струга 604, активни 60

• Велес 281, активни 21

• Битола 231, активни 40

• Охрид 377, активни 53

• Кавадарци 191, активни 26

• Гостивар 825, активни 103

• Гевгелија 77, активни 45 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 83, активни 30

• Крива Паланка 62, активни 18

• Радовиш 48, активни 8

• Крушево 17, активни 1

• Кочани 169, активни 39

• Пробиштип 91, активни 16

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 80, активни 13

• Пехчево 38, активни 26

• Берово 69, активни 35

• Валандово 10, активни 2

• Виница 84, активни 27

• Делчево 111, активни 80 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 24, активни 6

• Свети Николе 302, активни 25

• Кичево 286, активни 40

• Ресен 147, активни 0

• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-7, Авицена-181,  Биотек-80, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Систина со ПЦР метода -98, лабораторија Лаор –1, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-4, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  2 деца и 3  мајки позитивни на ковид-19, како и 5 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

• Аеродром – 98

• Гази Баба – 75

• Карпош – 68

• Центар – 65

• Чаир – 56

• Кисела Вода – 55

• Ѓорче Петров – 37

• Бутел – 39

• Шуто Оризари – 23

• Студеничани – 16

• Сарај – 16

• Илинден – 12

• Арачиново – 10

• Сопиште – 4

• Петровец – 4

• Чучер Сандево – 1

• Зелениково – 1

• Странец – 4

• Нераспределен-4

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •