јуни 6, 2023

Јахоски: По грешка ме напишале „независен“, останувам пратеник на ДУИ

Пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски, кој деновиве на сајтот на собранието беше напишан како независен пратеник, денес преку соопштение реагираше дека станува збор за техничка грешка.

„Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република ******* Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум ја напуштил парламентарната група, ниту, пак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ“, вели Јахоски во соопштението.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 104.587 гласови (15 мандати) на предвремените парламентарни избори годинава.

За авторот

Сподели