јуни 6, 2023

Секое утро огромни гужви на влезот на Скопје

Утрово на влезот на Скопје повторно имаше колони од возила. Причинатаа за ова е реконструкција на булеварот „Александар Македонски“.
Лица кои минувале утрово велат дека имало сообраќаен застој и кај граѓаните се појавува нервоза затоа што не можат да стигнат на своите работни места.

-Колони од возила, нема ниту полициско лице кое ќе им укажува на луѓето каде да се престројат и да се движат за да се одбегне сообраќајниот метеж, вели сведок од местото.

Иако градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов деновиве на својот фејсбук статус објави алтернативни рути да се одбегнат гужвите додека се реконструрира булеварот „Александар Македонски“ сепак влезот на Скопје и денеска остана блокиран.

За авторот

Сподели