Раскинат договорот за проектот “Тунел под Кале”

Проектот тунел под калето кој преку мостови треба да ги спои скопските улици, ќе почека. Град Скопје го раскина договорот со фирмата „Мега инженеринг“, бидејќи не ги испочитувала роковите за старт на градежните работи. Откако фирмата не го испочитувала договорот, Градот веќе ја наплатил и банкарската гаранција од 50.000 евра. Делницата треба да ја спои пластичарската улица во Чаир со булеварот Свети Климент Охридски во Центар, каде треба да се пробива тунел под Калето. Таму се планира мост на Вардар кај Владата. Град Скопје до крајот на месецов ќе распише тендер и ќе бара нова фирма. Според проценките, овој проект градот ќе го чини околу 30 милиони евра. Проектот беше презентиран пред точно две години.
За авторот
Сподели