мај 28, 2023

Пожар во зградата на Инспекторатот за животна средина, ниту еден хидрант не работел

Утринава настана пожар во Инспекторатот за животна средина, во зградата на поранешна Комерцијална Банка на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје.

Како што напомена Командирот на протипожарната единица Скопје, Владимир Симоновски, после два часа пожарот бил локализиран, а проблем правел распоредот во зградата, каде што пожарникарите имале отежнат пристап.

„Прво се интервенираше со две возила во 6:55 часот, а потоа беше побарана помош од уште. 24 пожарникари интервенираа. Проблем беше отежнатиот пристап, затоа што внатре во зградата има тесни ходници преградени со стакла и со гипс картони. Дополнителен проблем е што ниту еден хидрант не работи. Пожарот е локализиран некаде пред 9 часот“, рече Симоновски.

За авторот

Сподели