Груевски: Додека бев премиер не сум имал средба или телефонски разговор со Силјан Мицевски

Екс премиерот Никола Груевски ги отфрли обвинувањата на бизнисменот Силјан Мицевски како невистинити.
При денешниот исказ на двата сведока, обајцата не ги потврдиле наводите во обвинението против обвинетите, па оттука веројатно и потребата на некои партиски определени медиуми да претстават поинаква слика на нивното сведочење пред јавноста, особено за Силјан Мицевски, пишува на Фејсбук, екс премиерот Никола Груевски кој доби азил во Унгарија.
„Никогаш додека бев премиер не сум имал средба или телефонски разговор со Силјан Мицевски, ниту некогаш сум му сугерирал нешто или некого да финансира, и никогаш не сум му побарал ниту сум добил што било од него“, напиша Груевски.Мицевски денеска во суд изјави дека на Груевски му однел 10.000 евра.
Предметот „Талир”, поради кој е замрзнат целиот имот на ВМРО-ДПМНЕ поради незаконско финансирање и перење пари во износ од 5 милиони евра, продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на бизнисменот Силјан Мицевски од Битола.