јуни 4, 2023

Битиќи: Со ребаланс на буџетот ќе се обезбедат средства за четвртиот пакет економски мерки

Фатмир Битиќи

Платежни картички за самохрани родители, за пензионери со ниски пензии и други таргетирани мерки

Четвртиот пакет економски мерки повторно предвидува платежни картички за категориите граѓани како самохраните родители и пензионерите со ниски пензии, за категориите кои не беа претходно опфатени, но ќе има и други таргетирани мерки за оние кои не можат без помош во третиот и четвртиот квартал, соопшти вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Во интервју на Тв 24 , Битиќи рече дека средства за четвртиот пакет ќе бидат обезбедени со ребаланс на Буџетот и со префрлања на заштедените пари кои некои институции не ги потрошиле.

Одлуката за тоа кога ќе биде ребалансот ќе се знае за десетина дена.

Според вицепремиерот, владините проекции за рецесијата остануваат исти – таа нема да биде подлабока од четири отсто.

„Остануваме на истиот факт дека годината ќе ја завршиме со отприлика минус четири отсто, а тоа се проекциите и на Министерство за финансии, како и на меѓународните финансиски институции“,

рече Битиќи. 

За авторот

Сподели