мај 28, 2023

Бислимовски ќе се жали до ЕУ за протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, вели дека ќе го пријави протестот на ВМРО-ДПМНЕ за поскапувањето на струјата како политички притисок во Секретаријатот на Европската заедница и Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Предвидено е денеска протестот  кој ќе започне од Министерството за правда да заврши пред Зградата на РКЕ околу 18.00 часот, каде треба да се искаже револт против зголемените тарифи за електрична енергија кои започнаа да се пресметуваат од август.

„Протестите се легитимен начин на изразување на незадоволство, но овие протести се исклучително политички мотивирани за што ќе ги известиме европските институции, конкретно Секретаријатот на Енергетската заедница со седиште во Виена и Делегација на Европска унија во Скопје“, изјави Бислимоски за Дојче Веле.

Тој вели дека опозицијата треба да делува институционално преку Собранието за изнаоѓање на решенија, додека протестот, како што вели тој, е организиран како потреба од театар за добивање на политички поени. 

За авторот

Сподели