Анализа на Героски: Обвинението против Трајко Вељаноски е на стаклени нозе и мора да падне

И тоа, горе-долу, е сѐ. Не треба човек да е судија или обвинител, дури ни правник или студент по право, за да сфати дека инкриминирањето на Трајко Вељаноски во врска со настаните од 27 април е целосно неодржливо. Ќе го повторам она што го кажав на почетокот – органите на прогонот, Обвинителството и Судот, беа должни да утврдат кои се организатори и извршители на злосторството, да подигнат обвиненија според законот и според тежината на извршените кривични дела да донесат соодветни пресуди. Но, ова конкретно обвинение, без никакви релевантни докази, без посочување на било каква врска на Вељаноски со насилствата на 27 април дури ни во самиот обвинителен акт, не може да доведе до правда, туку само до нова жртва на еден нов монтиран политички процес. Кому му е тоа потребно?
Трајко Вељаноски еднаш веќе беше жртва на грозна конструкција за неговата наводна поврзаност со случајот „Монструм“, со убиството на децата кај Смилковско Езеро. Требаше да минат месеци и месеци таа валканица да му ја симнат од вратот. Тоа го стори лично Зоран Заев, оти мораше. Јас мислам дека ова е втор сериозен обид Вељаноски да стане жртва. Не знам со што овој човек го заслужил ова „внимание“, но знам (а сега знаете и вие, бидејќи фактите се неприкосновени и пред нив молчат и боговите), дека ако има доблесен суд и вистинска правда, обвинението против Вељаноски мора итно да биде повлечено или да падне. Тој сепак нема никаква вина за настаните од 27 април.
Голем грев е невин да се прогласи за виновен. Велат, подобро сто виновни на улица, одошто еден невин во затвор. И секако, голема доблест е да се исправи грешката. Убаво би било најавената нова битка за правда да почне со една храбра и доблесна одлука.
Целата анализа на линкот подолу:
https://plusinfo.mk/analiza-obvinenieto-protiv-tra-ko-ve-anoski-e-na-stakleni-noze-i-mora-da-padne/