декември 2, 2020

Џејмс Пердју: Борисов ја претвори Бугарија во еднопартиска држава

Поранешниот американски амбасадор во Софија Џејмс Пердју, во интервју за „Дојче веле“ порача дека во последните години премиерот Бојко Борисов практично ја претворил Бугарија во еднопартиска држава.

Џејмс Пердју: Борисов ја претвори Бугарија во еднопартиска држава

Пердју истакна дека ја следи ситуацијата во Бугарија и дека не е изненаден од континуираните антивладини протести во Софија и други градови.

Тие се израз на долгогодишното разочарување на бугарскиот народ од нивото на корупција, слабото владеење на правото, силата на олигарсите и организираниот криминал во земјата – оценува Пердју.

Тој смета дека Борисов ја претворил земјата во држава без сериозна политичка опозиција како вистинска алтернатива за избирачите.

Слободата на медиумите е крајно ограничена и владеењето на правото е многу проблематично. Општеството веќе е уморно од постојаното наметнување на нечии интереси. Како резултат, луѓето излегоа на улиците да го изразат своето незадоволство од сегашната влада, но само отстранувањето на неколку луѓе од власта нема да ги реши структурните проблеми во бугарската демократија, оценува Пердју, кој е одличен познавач на приликите на Балканот.

Што се однесува на официјалниот став на САД во однос на случувањата во Бугарија, Пердју вели дека е сигурен дека американската администрација и Амбасадата во Софија внимателно ја следат ситуацијата.

Очекувам САД да поддржат не конкретен човек, туку принципите на демократија – слобода на печатот, слобода на говор и право на собири, владеење на правото, слободни и фер избори и јавен избор помеѓу конкурентските политички партии – вели Пердју.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •