јуни 7, 2023

Цуцуловски: За да може празникот 8-ми Септември да го има истото значење, би требало да постои барем стварноста чиј празник беше. Тоа е Република Македонија!

„За да може празникот 8-ми Септември да го има истото значење, кога во 1991 година со 95 отсто од излезените граѓани на референдумот беше изгласана македонската независност, би требало да постои барем стварноста чиј празник беше. Тоа е Република Македонија! Денес, Република Македонија воопшто не постои на оној начин на кој постоеше тогаш. Со други зборови, славиме нешто што не постои, бидејќи оттогаш повеќекратно се промени Уставот на државата, променето е името на државата, извршена е целосна територијална реорганизација по етнички принцип. И наместо да се продолжеше како што тогаш се мислеше (да биде држава на нејзините граѓани) се отиде кон изградба на етничка држава, сведена на еден народ и на едно малцинство. Според тоа, на 8-ми Септември нема што да славиме. Односно, славиме покојник или нешто што е на пат тоа да стане.“, стои во Фејсбук статусот на Професорот Љубомир Цуцуловски.

За авторот

Сподели