октомври 25, 2020

Трамп: Бајден е глупав

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој од демократскиот противник, Џо Бајден, беше обвинет за загрозување на животите на Американците заради управувањето со корона кризата, својот политички и изборен ривал го нарече „глупав“ и побара да му се извини за наводната анти-ваксерска реторика.

Трамп, кој според анкетите заостанува зад Бајден во претседателската трка, остро ги нападна Бајден и неговиот кандидат за потпретседател, Камала Харис.

Трамп најави дека вакцината за корона вирус ќе биде подготвена за употреба во рекордно време, можеби пред изборите, покренувајќи го прашањето дали политичкиот притисок може да доведе до употреба на вакцината пред да се потврди дека е безбедна, пренесуваат британските медиуми.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •