Светскиот туризам е преполовен во 2020

Агенцијата на ООН проценува дека до 120 милиони работници во туристичкиот сектор се изложени на ризик од губрње на работното место.
Податоците на Светската агенција за туризам на ООН покажуваат дека бројот на меѓународни пристигнувања на туристи е преполовен во 2020 година, во споредба со претходната година. Во периодот од јануари до мај 2020 година, бројот на меѓународни пристигнувања на туристи е помал за 56 проценти во споредба со истиот период минатата година. Со оглед на тоа што ограничувањата за патување беа воведени само во март, овој процент веројатно би бил ист или полош доколку се вклучат податоците за јуни и јули.
И со оглед на новиот пораст на бројот на заразени во Европа и Соединетите држави, милиони луѓе кои живеат од туризам се плашат за својот финансиски опстанок. Агенцијата на ООН проценува дека до 120 милиони работници во туристичкиот сектор се изложени на ризик и дека се изгубени 1,2 трилиони долари. Истражете ги загубите и статистиката во инфографикот.
