Пратеникот Зибери хоспитализиран на Инфективна клиника

Поранешниот директор на Центарот за јавно здравје во Скопје и актуелен пратеник на ДУИ, Арбен Зибери e хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Оваа вест ја потврди неговата сопруга на социјалните мрежи.
Таа пишува дека хоспитализацијата била неопходна затоа што здравствената состојба му се влошила по направениот тест за коронавирус, но додава дека од вчера, неговата состојба е постабилна и се подобрува.
За авторот
Сподели