ноември 26, 2020

Поскапеа становите во Охрид

За 20% пораснаа цените на становите во Охрид. Корона пандемијата и бегството од гужва ја зголемија атрактивноста на Охрид и побарувачката за купување недвижнини покрај најстарото езеро во Европа и во градот чии природни убавини се заштитени од УНЕСКО.

Па така за да купите стан во централното градско јадро овој период ќе треба да искеширате од 1.100 до 1.300 евра за метар квадратен, додека на останатите делови од градот цените по метар квадратен за стан во нова градба се движат од 700 до 800 евра.

Зголемена е побарувачката и за купување апартмани и куќи на периферијата на градот.

За разлика од изминатите години кога во Охрид масовно се градеше, последниот период градбата на нови објекти е намалена, па самото тоа допринесува кон раст на цените. Но тоа пак дава надеж дека свеста за значењето на статусот УНЕСКО е зголемена и не се гради неконтролирано и на локации кои ќе го узурпираат природното и културното наследство.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •