октомври 22, 2020

Во камион пронајдени 36 мигранти

На магистралниот пат Радовиш-Штип, во близина на клучка за Неготино, вчера утрото полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „мерцедес“, кое не застанало и продолжило уште околу еден километар.

Потоа возачот го запрел возилото и го напуштил местото на настанот. При преглед во возилото биле пронајдени 36 лица-мигранти (11 од Пакистан, 9 од Авганистан, 7 од Сирија, 5 од Бангладеш, 2 од Иран и по еден од Ирак и Турција).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •