ноември 28, 2020

Љуљзим Баша: Без работа останаа 100 илјади луѓе

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша обвини дека лошото владеење на премиерот Еди Рама е главниот виновник за тешката економска криза во земјата.

Во објава на Фејсбук, Баша додава дека оваа година 100.000 албански граѓани останале без работа, а 32.000 бизниси ставиле клуч на врата.

-Оваа длабока економска криза не се решава со пропаганда и заморени централно режирани претстави, туку со итна интервенција. Но, тоа не може да го стори оној кој за седум години ги зголеми даноците и цените и ги украде и злоупотреби парите на Албанците со неколку олигарси, преку јавно приватно партнерство (ЈПП), концесии и коруптивни тендери, наведува Баша.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •