октомври 30, 2020

Повеќе лица повредени во напади со нож на улиците во Бирмингем (видео)

Повеќе луѓе се ранети во напади со нож рано утрово во Бирмингем, централна Англија, соопшти полицијата утрово.

„Можеме да потврдиме дека половина час по полноќ бевме повикани поради напад со нож во центарот на Бирмингем“, објави полицијата на Твитер.

„Одговоривме веднаш заедно со службата за брза помош. Наскоро беа пријавени неколку напади со нож во областа.

„Знаеме дека повеќе луѓе се повредени, но во овој момент не можеме да кажеме колкава е сериозноста на повредите“, се вели во твитот.

Нема информации ниту за заднината на овие напади ниту за идентитетот на инволвираните.

Полицијата ги повика граѓаните да бидат смирени и претпазливи и да се држат настрана од областа на нападот, која е оградена.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •