октомври 25, 2020

Инстаграм измисли место што не постои – ќе ве шокира како се прават овие фотографии

ИНСТАГРАМ ни откри голем број на убави локации ширум светот за кои можеби никогаш немаше да дознаеме. Веднаш штом ќе откријат фотогенична локација, инфлуенсерите се насочуваат кон неа и големи се шансите да видите стотици фотографии направени на страницата за неколку месеци.

Една од локациите што се прошири на таа платформа е „Рајските порти“, а она што ги прави посебни е фактот дека тоа место не постои како што го гледаме на фотографиите. Тоа е всушност Храмот Лемпујанг на Бали, и ако верувате во Инстаграм, има два импозантни столба и кристално чисто езеро што се спојува со небото во една точка. Додека инфлуенсерите позираат по можност во традиционална облека и во некоја наместена поза, нивниот одраз во водата создава волшебна фотографија.

Има само еден проблем – нема езера. Езерото е всушност парче стакло ставено под камерата на мобилен телефон.

Новинарката Полина Маринова напиша дека „ова е доказ дека инфлуенсерите ќе уништат сè“. „Моите соништа и надежи беа разнишани кога дознав дека водата во Рајските порти е само парче стакло под “iPhone“, напиша таа. Но, се чини дека никој нема ништо против оваа лага. Лажната фотографија стана своевидна туристичка понуда и за да се фотографирате треба да чекате ред два часа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •