октомври 30, 2020

Бесими: Буџетот е во добра кондиција

Во буџетот има доволно средства за да се извршува непречено, односно редовно да се исплаќаат плати, пензии, социјална помош, како и за обврските кон стопанството и антикризните мерки, вели новиот министер за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА. Четвртиот сет антикризни мерки ќе биде насочен кон економско заздравување – стимулирање на приватната потрошувачка, но и поттикнување на инвестициите во стопанството, додава тој. Бесими најавува систем на паметни јавни финансии кој ќе се базира на јасна стратегија и ќе биде одржлив, одговорен, реформски ориентира и транспарентен.

„Министерството за финансии, како ресор е предизвик и во време кога на економијата ѝ оди добро, а секако дека претставува уште поголема одговорност во време на најголемата глобална економска криза од Големата депресија наваму – поголема и од Свeтската финансиска криза од 2008 година. Ковид-кризата ги зафати сите економии во светот. Oд една страна се заканите кои доаѓаат интерно преку здравствените мерки за заштита кои влијаат на активноста на стопанските капацитети, од друга страна се надворешните закани кои доаѓаат од нарушување на глобалните синџири на набавка“ вели Бесими.

Во однос на тоа дали земјата станува презадолжени, водењето на прудентна политика на јавен долг последните години и стабилизирањето на долгот, кој претходно беше брзорастечки, остави фискален простор за во време на криза да се повлечат средства, вели тој, додавајќи дека јавниот долг е под нивото на многу земји од Европската Унија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •