октомври 25, 2020

Бајден: Косово треба да биде независна држава, а не дел од Србија

Противкандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп, на претстојните избори во САД, Џо Бајден, на прес-конференција го коментираше договорот кој го потпишаа Белград и Приштина вчера во Белата куќа и порача дека Косово треба да биде независна држава.

-Пред сè, не знам на што се однесува договорот. Она што го аргументирав секогаш, е дека Косово треба да биде независна држава, а не дел од Србија. Јас поминав многу време таму. Врз основа на кажаното, претпоставувам дека тоа (договорот) ќе ја засили таа независност, но не знам, рече Бајден.

Во продолжението на неговиот одговор, тој го коментираше и Израел и порача дека е добро да се нормализираат односите со земја која има мнозинство муслиманско население.

Токму, Израел, како што пренесоа медиумите, е една од точките на договорот кој го потпишаа Србија и Косово вчера во Вашингтон.

Во документот кој се однесува на Србија се наведува дека Белград е согласна до 20 септември 2020 да отвори државна канцеларија во Ерусалим, а до 1 јули 2020 да ја префрли својата амбасада во Ерусалим. Оваа точка во договорот за Косово, пак, предвидува дека Косово и Израел ќе имаат меѓусебни признавања.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •