декември 1, 2020

Хаос, секој ден нови одлуки за ослободувањата од работниот процес

Од работа ослободени само родители на деца до 6 години, вели Шахпаска

Мерката за ослободување од работа на родители кои имаат деца до 10 години во моментов важи само за родителите на деца во предшколска возраст, вели министерката за труд Јагода Шахпаска.

Продолжување ќе има и на  породилното отсуство сè додека оваа одлука не биде променета од страна на Владата. Според неа, градинките ги финализираат подготовките за прием на дечињата во градинка на 9 септември, односно следната среда.

„Сè уште нема никакви измени во мерките кои ги препорача Владата, што значи хронично болните лица, мајки на породилно боледување и мајките на деца од 0 до 6 години се под мерката за неодење на работа. Согласно владината уредба од 8 јули родители на деца меѓу 6 и 10 години – школски деца тие беа вратени на работните места. Само родители на деца до шест години, од претшколска возраст, се во домовите да се грижат за своите деца“, вели Шахпаска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •