октомври 26, 2020

Со џип преку двојна полна линија уби човек и неродено бебе, а доби две години условно

Кривичниот суд во Скопје вчера ја изрече пресудата за сообраќајната незгода кај , во која животот го загуби едно лице, а неговата бремена сопруга и сопатничка доби тешки телесни повреди и го загуби плодот. Жртвите беа патници на мотор чиј пат го пресекол возач на џип кој недозволено преминал преку двојна полна лента на булеварот Теодосиј Гологанов.

Образложението на судијката Елена Јосифовиќ за ваквата пресуда било дека возачот на џипот ја признал вината и пред судот не се бранел дека е невин.

На социјалните мрежи се јави и таткото на починатиот.„Пријатели. Сакам да ве известам дека денес се донесе пресуда за смртта на мојот син кој загина пред две години во сообраќајка. Неговата сопруга бремена го изгуби плодот и се здоби со тешки телесни повреди. Пред да ја каже судијката пресудата ме известија дека каква и да биде пресудата да останеме смирени, бидејќи може да бидеме казнети. Судијката со многу очај кажа дека многу и било тешко да ја донесе оваа пресуда. На сите отежителни и олеснителни околности, пресудата гласеше не е виновен и ќе биде две години условно осуден. Така да сега кој е кој? Ние ќе бидеме казнети ако негодуваме, а тој што одзеде животи и уништи животи на фамилии си е слободен? Тоа е нашето судство, обвинителство и цел ланец на судски заврзлами. Не смеам да кажам некој лош збор на Фејсбук бидејќи може да дојдат и да ме најдат за виновен. Сега нека пресуди народот кое судство и која правна држава ја имаме“, нашиша таткото на починатиот.

Возачат на џипот „ситроен крузер“ е Васил Ч. (64), директор на фирма во Тетово.

Првото рочиште за предметот се одржало пред три дена и Васил Ч. веднаш ја признал вината за сообраќајната незгода.

Се чека на одлуката на ОЈО Скопје дали ќе се жали.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •