јуни 7, 2023

Министерот Хоџа им се придружи на овоштарите на протест

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, синоќа се придружи на солидарниот собир на одгледувачите на јаболка од регионот на Преспа, соопшти МЗШВ.

Министерот изјави дека нивните барања се скромни, и со позитивна волја од центрите за собирање, тој е убеден дека ќе се постигне модел каде сите страни ќе излезат победници.

Министерот Хоџа им вети дека ќе се залага со целиот потенцијал во Министерството за изнаоѓање решение, со кое нивната напорна работа и посветеност ќе бидат вреднувани.

За авторот

Сподели