декември 2, 2020

Дивоградбата кај Мавровка срамнета со земја

Дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“ е урната по тридневна работа на екипите на „Македонија пат“. На местото на објектот денеска може да се види само градежен шут и остатоци од бетонска арматура.

Активностите започнаа во средата откако владата во вторникот донесе одлука уривањето да го спроведе „Македонија пат“.

Дивоизградениот објект никна на местото на некогашното кафуле „Фонтана“, кое во мај изгоре во пожар и тоа среде полициски час.
Општина Чаир цело лето ветуваше дека ќе ја урне дивоградбата, но тоа не го стори.

Во меѓувреме на терен градежните активности запреа, а сопственикот не ја урна градбата иако Чаир тоа го побара.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •