октомври 23, 2020

Груби најавува неселективно рушење на дивоградбите

Артан Груби

Треба да се урне и терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и таа е дивоградба.

Вака во интервју за Сител реагираше Артан Груби, прв вицепремиер во земјава, одговори на барањата од опозицијата дека покрај дивоградбата пред Мавровка во Скопје, треба да се урнат платформата на Матка и други објекти во Охрид.

Според Груби, уривањето на дивоградбата пред „Мавровка“ било барање на ДУИ.

„Не ја донесе премиерот оваа одлука, ја донесе владата како колективно тело и тоа беше дел уште од преговорите како наше барање. Приоритет ќе ни биде владеење на право и неселективна правда“, рече Груби.

Инаку, Груби смета дека не смее да има селективна правда и треба да се урне сѐ што е дивоградба, па и терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мора да се почитува законот и ќе видите апсолутен фокус на неселективна правда, ако има незаконско изградено седиште на партија, ако има дивоградба во Тетово, Гостивар, Струга, ќе има постапка. Но, многу е важно да не постапува партијата туку тоа да го прават институциите. Си има суд, Обвинителство, Градежен инспекторат“, рече Груби.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •