октомври 25, 2020

Србија и Косово ќе потпишат документ во присуство на Трамп

Делегациите на Косово и Србија предводени од премиерот Авдулах Хоти и претседателот Александар Вучиќ за време на разговорите со НСА Роберт О’Бријан во Белата куќа во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Овалната соба ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти и ќе присуствува на церемонијата на потпишување на документ од трилатералниот состанок, објави Белата куќа. Според Гласот на Америка, по средбата во Белата куќа, и Вучиќ и Хоти ќе се состанат индивидуално со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот. Во соопштението на Белата куќа, издадено доцна синоќа, не е прецизирано што ќе биде потпишано, односно дали станува збор за договор.

Напредок на првиот ден од разговорите меѓу Белград и Приштина

По првиот ден од преговорите во Вашингтон, Советот за национална безбедност објави дека делегациите на Косово и Србија постигнале напредок. „Многу добра рунда разговори со лидерите на Србија и Косово. Економската нормализација значи работа за младите“, рече домаќинот на средбата Роберт О’Брајан по вчерашните разговори во Белата куќа во Вашингтон.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •