декември 3, 2020

После гласањето за новата Влада, Собранието на одмор?!

Се уште нема договор за формирање на работните тела во законодавниот дом , а откако беше изгласана новата влада – пратениците немале активност во собранието. Власта и опозицијата се уште не дале никаков предлог а од кабинетот на собранискиот спикер Џафери велат дека ќе свикаат седница кога партиите ќе се договорат .

– Претседателот ќе ја свика седницата за формирање на работните тела на Собранието во моментот кога парламентарните политички партии ќе достават предлог. До овој момент таков предлог не е доставен од некоја партија. Штом предлогот ќе биде доставен, претседателот ќе може да свика седница“

И од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ велат дека се загрижени поради ваквиот несериознен пристап но и упатуваат јавно прашање до парламентарното мнозинство зошто посериозно не се позанимава со оваа проблематика бидејќи како што велат објаснувањето за брзите предвремени парламентарни избори на СДСМ им беше токму тоа односно неопходноста од нивно организирање за стабилни и функционални институции.

Од СДСМ пак велат дека се надеваат дека веќе во текот на следната недела ќе биде појасно дефиниран составот на работните тела, а кординациите се во тек дообјаснувајќи дека нема да дозволат опозицијата да манипулира дека проблемот лежи во парламентарното мнозинство .

– Ова е спин на опозицијата и најостро го осудуиваме, дека ние го кочиме формирањето на работните тела. Се работи за 21 комисија а одлуките се носат со консензус меѓу сите пратенички групи во собранието.Очекуваме дека же најдеме заеднички јазик во текот на следната недела за да ги затвориме овие важни прашања.

Во меѓувреме и натаму спротиставени ставовите на партиите и околу евентуалното он лајн следење и гласање на собраниските седници . Од Алијансата за Албанците и Алтернатива пак и денеска сметаат дека ова не е најдоброто решение .

Прашањето околу следењето он лајн на седниците во собранието се наметна откако на гласањето на новиот владин состав еден пратерник гласаше од посебна просторија и под посебни протоколи бидејќи не се чувствуваше добро , а со оглед на случувањата со пандемијата која се заканува есенва , властите сметаа дека на овој начин же се обезбеди непречено функционирање на законодавниот дом во случај ако некој од пратениците не се чувствува добро а сака да учествува во некоја од собраниските дебати или гласања.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •