Нема да ризикуваме животи по секоја цена

Постои загриженост дека политизацијата на науката може да резултира со предвремено одобрена вакцина за политичка корист. Трка за развој на вакцини ширум светот се одржува пред претседателските избори во САД.
Лидерите на неколку фармацевтски компании гарантираа во четвртокот дека ќе се придржуваат до безбедносните стандарди во трката за развој на вакцина против COVID-19, без оглед на притисокот и брзањето. „Ние нема да прескокнеме ништо“, вети извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, на видео конференција со новинари. „Ние нема да ја жртвуваме безбедноста по секоја цена“, додаде Кенет Фрејзер, извршен директор на Мерк.
Официјални лица зборуваа на прес-конференција на Меѓународната федерација на фармацевтската индустрија (IFPMA).
Тема на изборите во САД
Во светот постои загриженост дека политизацијата на науката може да резултира со предвремено одобрена вакцина за политичка корист. Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ треба да знае во октомври дали нејзината вакцина работи против короната, откри во четвртокот нејзиниот лидер Бурла, што отвора можност тоа да стане тема на политичките кампањи пред претседателските избори во САД на 3 ноември. Во трката за развој на вакцини се „Модерна“, „АстраЗенека Плц“, „Џонсон и Џонсон“, „Санофи“ и руски и кинески компании, и сето ова се случува пред претседателските избори во САД, на кои Доналд Трамп бара нов мандат во Белата куќа, а за нивниот развој издвои милијарди федерални долари.