јуни 7, 2023

Мајката си ги отрула своите пет деца во Солинген (видео)

ГЕРМАНСКАТА полиција вчера пронајде тела на пет деца во зграда во Солинген, град во западна Германија. Имено, 27-годишна мајка отрула пет од своите шест деца пред да се обиде да си го одземе животот фрлајќи се под воз. Таа се фрли на шините во Дизелдорф, нешто повеќе од 30 километри од станот каде ги отру своите деца.

Полициски извори велат дека децата биле отруени со апчиња. Децата кои починаа беа три девојчиња на возраст од една и пол, две и три години и две момчиња на возраст од шест и осум години. Шестото и најстаро дете, единаесетгодишен син, е живо и здраво и за него се грижат роднините. Локалните медиуми јавуваат дека тој заминал со неговата мајка на воз кај неговата баба, а мајката излегла на станицата во Дизелдорф, каде се фрлила под возот.

Полицијата соопшти дека бабата ги повикала во 14 часот и ги упатила кон станот во Солинген. Самите работници за итни случаи биле трауматизирани од она што го нашле во станот. Тие се обидоа да ги реанимираат децата, но беше доцна. Не е јасно дали преживеаното дете било сведок на настаните во станот.

Мотивот за убиството е непознат

Портпаролот на полицијата, Стефан Вајан, рече дека станува збор за трагична ситуација и додаде дека мајката сè уште не е во можност да биде испрашувана. „Не знаеме како и зошто се случи ова злосторство“, изјави Вајан за ВДР. На убиството реагираше и германскиот пратеник Јирген Хард, кој рече дека се шокирал кога ја слушнал веста. „Сакам итните служби и полицијата да ја имаат сета сила додека се справуваат со случајот, ова ќе има огромно влијание врз нив“, рече Хард.

За авторот

Сподели