декември 3, 2020

Дел од клиентите на Еуростандард ќе останат без пари

Депозити  со привилигирани камати, на членови на одбори и оние кои се поврзани со перење на пари нема да бидат покриени од фондот за осигурување. Граѓаните пак кои имале депозит во Еуростандард, но и во истата банка имаат недоисплатен кредит, од штедниот влог ќе ја добијат само разликата помеѓу депозитот и долгот.   Парите во фондот за осигурување на депозитите скратени за 3,3 милиони евра – од 71  на 68 милиони евра.  

Фондот не ги обесштетува следните депозити:

1. Депозити на кои им биле дадени привилегирани каматни услови, различни од оние објавени во банката, филијалата на странската банка или штедилницата;

2. Депозити на депоненти сопственици на над 5% од акциите со право на управување со банката, филијалата на странската банка или штедилницата;

3. Депозити на членови на органите на управување на банката, филијалата на странската банка или штедилницата;

4. Депозити на роднини од прв степен на депонентите од точките 2 и 3 на овој член;

5. Депозити кои се поврзани со трансакции со кои се вршело перење пари доколку прекршителот е осуден и казната е во сила.

Во случај кога депонентот има обврски кон банката, филијалата на странската банка или штедилницата вкупниот износ на депозити на депонентот се намалува за износот на обврските на депонентот кон банката, филијалата на странската банка или штедилницата, се вели во допсиот од фондот за осигурување на депозитите,

Според експертите  ваквата постапка е погрешна. Граѓаните  кои имаат депозити со привилигирани камати треба да си ги добијат парите, а  оние кои имале и депозит и кредит, во целост да ја им биде исплатена заштедата од фондот.

Експертите со забелешка и за другите банки  во земјава. Велат откако се затворила Еуростандард ниту една банка не пројавила интерес да ги преземе кредитите кои граѓаните ги имале во банката за истите да продолжат да се враќаат. Тврдат дека  така ќе има доволно пари во стечајната маса и ќе може да се обештетат сите штедачи. 

Поранешниот сопственик  на Еуростандард Трифун Костовски  ги повика премиерот Заев, претседателот Пендаровски и претседателот на Собранието Џафери да помогнат во справување со ситуацијата во која најоштетени се граѓаните.

Гувернерката на Народна банка, не покажа волја во ниту еден миг да го удостои потенцијалниот купувач ниту со една средба за негово интервенирање во стабилизирањето на банката, тврди сопственикот на Еуростандард, се вели во писмото на Костовски.

Претходно и дел од експертите посочија дека не требало да се дозволи да дојде до затворање на банката бидејќи со тоа се нарушил кредибилитетот на банкарски систем во земјава и довербата на граѓаните кон банките.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •