декември 5, 2020

Вучиќ: Нема да потпишам договор за признавање на Косово и точка

Александар Вучиќ

Нема опасност да потпишам договор за признавање на независноста и точка. Го кажав тоа јасно и гласно, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ од Вашингтон.

„Првиот документ што го добивме имаше наслов Економска нормализација. Двете страни пристигнаа и домаќинот ни подели документ, во кој нашата страна претходно немаше увид. Тој документ беше ужасно тежок, имаше 15 или 16 точки, а една од нив беше меѓусебно признавање. Јас го одбив тоа. Тоа не е никаква новост, само што ние сметавме дека тоа не треба да стои во документ за економска стабилизација. Од кабинетот на (американскиот претседател Доналд) Трамп беа фер и нѐ сослушаа. Во другите документи таа одредба повеќе ја нема“, кажа Вучиќ.

Засега не се знае дали утре Вучиќ ќе има средба со Трамп.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •