декември 2, 2020

Франција донесе план за економско заздравување од 100 милијарди евра до 2022

Француската влада денес објави детали за својот „тежок“ план од 100 милијарди евра за стимулирање на економското закрепнување од ефектите на корона вирусот во следните две години. Милијарди евра ќе бидат издвоени за јавни инвестиции, субвенции и даночни намалувања. Вкупно 35 милијарди евра се наменети за зајакнување на конкурентноста на втората по големина економија во Европа, 30 милијарди евра за еколошка енергија и 25 милијарди евра за да се зачуваат работните места, беше објавено пред официјалното претставување на планот.

Администрацијата на претседателот Емануел Макрон се надева дека економијата ќе се врати на нивото од пред кризата до 2022 година, по тешкотиите оваа година, за кои Министерството за финансии очекува да биде најлошата година од Втората светска војна.

Помош за транспортниот сектор

Според планот, кампањата за поддршка на деловната активност на Макрон, треба да се продолжи, со веќе најавеното намалување на даноците од 10 милијарди евра годишно, а се планираат нови јавни средства за зајакнување на индустријата, градежништвото и транспортниот сектор. Официјални лица велат дека 11 милијарди евра се наменети за секторот за транспорт, од кои 4,7 милијарди евра за железницата и нејзино подобрување во согласност со политиката за животна средина, четири милијарди евра за јавна изградба и две милијарди евра за домаќинствата. Индустријата за водород, се повеќе гледана како клучен сегмент на преминот од фосилни кон чисти горива, ќе добие две милијарди евра за две години.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •