јуни 6, 2023

Турција најави руски поморски воени вежби во источниот Медитеран

Руските поморски сили ќе одржат маневри во делови на источен Медитеран каде се движат турски истражувачки бродови. Атина и Анкара се во расправија околу турските активности на истокот на Медитеранот.

Во услови на зголемени тензии меѓу Турција и Грција околу правото на експлоатација на наоѓалишта на јаглеводороди и фосилни горива, Анкара објави дека руската морнарица ќе одржи борбени стрелачки маневри на истокот на Средоземното море. Земјата објави два навигациски телекси (Навтекс) со предупредувања на истокот на Средоземното море, каде што ќе се одржат руските поморски маневри, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Турската радиотелевизија (ТРТ). Во официјалното соопштение се наведува дека руските поморски сили ќе одржат маневри од 8 до 22 септември и од 17 до 25 септември во деловите на источниот Медитеран каде се движат турски истражувачки бродови.

Вежби од двете страни на Кипар

ТРТ јавува дека, според најавите од Одделот за хидрографија и океанографија на турската морнарица, руските сили ќе спроведат две одделни вежби за стрелање од двете страни на островот Кипар. Официјална Москва досега не одговори на најавата на Турција, која дојде откако Соединетите држави соопштија дека делумно го укинуваат 33-годишното ембарго за оружје на етнички поделениот Кипар. Со оглед на тоа што Русија одржува значително воено присуство на истокот на Средоземното море, најавата на Турција за претстојните маневри може да се толкува како директна порака од Москва дека сепак е најсилната регионална сила, која не подлежи на ризик од делумно укинување на американското ембарго на Кипар.

За авторот

Сподели