ноември 27, 2020

Турските власти ја срушија историската грчка православна црква „Аја Софија“ во Бурса

Турските власти ја срушија историската грчка православна црква во регионот Бурса, во северозападна Турција, која била напуштена, пишува „Грикрепортер“.

Грчката православна црква Георгиос, позната како „Аја Софија“ во Бурса, беше уништена поради безбедносна закана седум години откако регионалниот Генерален директорат за верски фондации ја презеде зградата од општината Нилуфер во Бурса, според извештаите на веб-страницата за новини „Дувар“.

Општината ја презеде историската структура во 2006 година, ја обнови локацијата и повторно ја отвори како Културен дом.

Но, дирекцијата поднесе тужба за стекнување сопственост на црквата во 2013 година. Објектот оттогаш е напуштен.

Зградата беше наречена Аја Софија од Бурса поради нејзината употреба како црква и џамија во минатото.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •