декември 1, 2020

“Длабоката држава” ја дигна Бугарија на нозе

Гневот предизвикан од инцидент на една плажа на Црното Море ги разгоре долгодишните тензии околу улогата на олигарсите во државата

Најдлабоката институционална криза во Бугарија во текот на неколку години беше запалена со надреален инцидент во вторникот кога центристички политичар се обиде да го постави националното знаме на камчеста плажа на Црното Море, но беше истуркан од безбедносните чувари.

До четвртокот, сложениот скандал – кој води до срцето кој навистина ја води земјата – се искачи до врвните ешалони на моќта и социјалистичкиот претседател Румен Радев ги обвини државните обвинители дека се во сојуз со мафијата, откако тие уапсија двајца неговите помошници.

Во четвртокот навечер толпа се собра во центарот на Софија за да протестира, тврдејќи дека настаните што брзо се развиваат откриваат како тајните интереси ги влечат жиците во судството и ги открија замаглените линии меѓу моќните олигарси и сивиот безбедносен апарат на државата.

Радев, поранешен борбен пилот, отиде пред толпата и ги пофали демонстрантите што ги оставија настрана традиционалните партиско-политички поделби за да се спротивстават на бароните на организираниот криминал во земјата и на политичките главни играчи.

„Бугарската мафија го постигна невозможното и ги обединети чесните луѓе против неа“, им рече тој на демонстрантите, кои носеа транспаренти со пароли како „Мафијата сее само смрт“.

„До нас е дали ќе ја исфрлиме мафијата од извршната власт, да ја исфрлиме мафијата од обвинителството, кое мафијата го користи на најнемилосрден начин како нејзин штит и за политичка репресија“, продолжи Радев.

На плажата

Овонеделната сага започна во вторникот кога Христо Иванов, водач на антикорупциската партија Да Бугарија, патуваше во гумен чамец до плажа на Црното Море во Розенец за да постави бугарско знаме.

Гестот – фатен на камера заедно со последователната боречка пресметка – мораше да биде со силен интензитет, бидејќи делот од брегот каде што Иванов се прикотви, иако легално е јавно земјиште, е база на Ахмед Доган, еден од најконтроверзните ветерани политичари во земјата и поранешен шеф, сега почесен претседател на етничката турска партија во земјата.

Откако стигна на плажата, Иванов веднаш беше пресретнат од безбедносните чувари кратко потстрижани и со очила за сонце. Иванов ѝ дал законски доказ на полицијата дека е на јавно земјиште, но полицајците не биле подготвени да се расправаат со безбедносните чувари, кои Иванов ги опиша како „анонимни господа“. Барањата на Иванов агентите да се идентификуваат останаа залудни.

Инцидентот на плажата кој ги поттикна страстите

Иванов беше многу свесен дека презема потфат на конфронтирачка територија. Доган сè уште се смета за врвен брокер зад сцената во бугарската политика. Што е најважно, тој е тесно поврзан – преку својата партија – со најозлогласениот член на парламентот во земјата, медиумскиот могул, Делјан Пеевски.

„Репортери без граници“ го опишува Пеевски како „олицетворение“ на соработката меѓу олигарсите и политичарите и неговата (крајно неуспешна) кандидатура за шеф на шпионите на Бугарија што предизвика големи масовни протести во 2013 година.

Иванов е поранешен министер за правда, кој тврди дека Пеевски е во центарот на „отровниот круг“ што го презеде правниот систем на земјата, делумно користејќи врски со поранешната шпионска служба во времето на комунизмот. Неговата намера со патувањето на плажа беше да открие како изгледаат олигарсите над законот, особено во нивната употреба на безбедносните апарати.

Тогаш Радев влезе со одговор на прашањето на Иванов за „анонимните господа“ и во средата ги идентификуваше како агенти на НСО, бугарска државна служба за безбедност. Тој побара од обвинителите да бидат вклучени во инспекциите на крајбрежните објекти на Доган и истакна дека не смета дека Доган и Пеевски имаат право на чувари од НСО.

Претседателот против обвинителите

Интервенцијата на Радев се чинеше само предизвика кралска битка со обвинителите. На прашањето за барањето на претседателот за истрага на плажата Розенец, главниот бугарски обвинител Иван Гешев реагираше негативно.

„За кој инцидент во Розенец зборуваш?“ го цитираше обвинителоѕ бугарскиот весник „Медиапул“ како му одговара на еден новинар. „Обвинителството нема намера да биде вклучено во ситни политички игри“.

Тој рече дека не е негова улога да разгледува дали инволвираните биле агенти на НСО и тврди дека инцидентот бил алатка во политичките игри пред изборите следната година.

Сепак, обвинителите уапсија во четвртокот двајца помошници на Радев, во врска со она што бугарските медиуми го опишаа како истрага за протекување на државни тајни и за ширење на влијанија, и тоа ја ескалира состојбата до невидени нивоа на напнатост.

Групата „Правда за секого“ направи врска помеѓу инцидентот на плажа и апсењата.

„Претседателот користи правни аргументи за да се спротивстави на употребата на безбедносната служба за заштита на приватните лица и се обидува да го разјасни статусот на морскиот парк, плажата и пристаништето – кои се бугарска територија – и како резултат на тоа, ден подоцна, воените обвинители и полицијата влегоа во напад врз претседателството“, се пожали групата.

Иванов во четвртокот го удвои притисокот и побара од премиерот Бојко Борисов, кој засега молчи, Доган и Пеевски да не добијат безбедносна заштита од агентите на НСО. „Државата мора да престане да им служи на Пеевски и Доган и да има еден закон за сите“, рече тој.

Доган и Пејевски не коментираа за ескалацијата на кризата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •