ноември 27, 2020

Втор ден багери го уриваат објектот кај ТЦ Мавровка

Со полициска асистенција, багери втор ден го уриваат објектот пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.

Вчера за прв пат во јавноста се појави и сопственикот на парцелата и кафулето „Фонтана“ 34- годишниот скопјанец Мевљудин Алити. Вели не градел објект туку уредно доставил план за обновување на изгорениот локал според членот 76 од законот за градба, а за таа цел изготвил проект и платил комуналии на општината и градот..наместо општина Чаир која во два наврати не успеа да најде фирма која ќе руши, владата го овласти јавното претпријатие „Македонија пат.“

Основното јавно обвинителство поведе истражна постапка, а за сопственикот на објектот Алити има мерки на претпазливост, забрана за напуштање на живеалиштето.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •