октомври 21, 2020

Владата даде зелено светло за Македонска пошта да почне преговори со деловните банки

Владата даде зелено светло Македонска Пошта да почне преговори со деловните банки, за да продолжи со работа. По стечајот на Еуростандард, речиси еден месец Пошта не врши платен промет, не се исплаќаат пензии, ниту социјална помош, а граѓаните не можат да си ги платат сметките за комуналии и струја, затоа што овие услуги Пошта ги обезбедување преку Еуростандард, за соодветен надомест.

Првиот човек на Пошта, Ејуп Ристеми за Сител вели дека уште утре ќе свика Управен Одбор, на кој ќе се дефинираат критериумите за избор и ќе се повикаат сите банките да достават понуди.  Колку време би траел изборот на банка,  не можеше  да прецизира, но вети дека ќе се одбере онаа која ќе понуди најдобри услуги.

Попледнево Синдикатот побара итна средба со Заев, затоа што платите и егзистенцијата им е доведена во прашање

Тоснко„Сериозно е нарушено работењето, повеќе од 20 дена на дневна основа генерираме сериозни загуби со оневозможување на платниот промет на 300 поштенски единици. Прекинати се приходите од меѓународниот сообраќај и намалени оние  од внатрешниот сообраќај во изминатите шест месеци. 2.300 вработени стравуваат за своите плати и работни места. Тоа е директна закана за егзистенцијата и нивните семејства. а неработењето на поштенските филијали имаат и големо влијание на населените места и кај корисниците. Над 100.000 корисници се оштетени“, рече Боро Велигденов, претседателот на синдикатот, пред медиумите.

Инаку Еурстандард со Македонска Пошта имаа склучено договор на 15 години. За тоа од банката добиваа надомест, кој за првите 6 месеци годинава изнесува  или 1,8 милиони евра, што е  20% од вкупно остараените приходи на Пошта. Со овие пари се делеа плати за 560 вработени, а  вкупно ангажирани лица задолжени само за платен промет се  870.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •