декември 2, 2020

Факти за Ковид-19

Според последните имунолошки студии, општата смртност од ковид-19 во повеќето земји се движи меѓу 0.1% и 0.5% што е споредливо со средните вредности на пандемиите на инфлуенца од 1957 и 1968.

Во земји како Велика Британија (која се затвораше) и Шведска (која не се затвораше), општата смртност е на ниво на јака сезона на инфлуенца; САД има поголема смртноста (во споредба со 1957/1968), но земји како Германија и Швајцарија имаат помала. Вредностите на анти-телата и натаму се ниски во големи делови на Европа која прибегна кон карантини.

Околу 80% од општата популација немаат симптоми или имаат само умерени симптоми. Дури и меѓу оние од 70 до 80 години, околу 60% имаат умерени симптоми. Околу 95% од луѓето немаат потреба од хоспитализација.

Можно е до 60% од луѓето  веќе да имаат делумна имуна реакција од Т-клетки на новиот вирус, како резултат на контакт со претходни коронавируси. До 60% од децата и околу 6% од возрасните можеби веќе имаат крос-реактивни анти-тела.

Просечната старост на ковид морталитети во повеќето западни земји  е преку 80 години  и  само околу 4% од починатите немале сериозни предуслови. Во контраст со пандемиите на грип, во случајот со коронавирусот, возраста и профилот на смртните случаи одговара на вообичаената смртност.

Во многу земји, дури до две третини од сите дополнителни смртни исходи се имаат случено во старечки домови. Во многу од тие случаи, не е јасно дали овие луѓе навистина починале од ковид-19 или од долготраен екстремен стрес и изолација.

До 30% од дополнителните смртни случаи е можно да не се oд ковид-19, туку од ефекти на карантин, паника и страв.. На пример, третмани на инфаркти и удари се имаат намалено до 40% бидејќи многу пациенти не се осмелуваат да отидат до болница.

Многу медиумски извештаи за млади и здрави луѓе кои умираат од ковид-19 се покажаа како лажни: многу од овие млади луѓе или не умреле од ковид, или веќе биле сериозно болни (на пример, од недијагностицирана леукемија), или имале 109 а не 9 години. И тврдењата за зголемен број на Кавасаки случаи се покажаа како претерани.

Околу 10% од симптоматските случаи развиваат тнр пост-акутен (долг) ковид со симптоми кои траат недели и месеци.

Често покажуваните експоненцијални криви на корона случаи се заведувачки, бидејќи и бројот на тестирања експоненцијално растеше во повеќето земји. Генерално, уделот на позитивни во вкупниот број тестирани е под 20%. Во многу земји, пикот на заразата беше достигнат пред да стапи на сила затворањето.

Во повеќето ковид хот-спотови, вклучувајќи го Њујорк, Лондон, Стокхолм и Бергамо, стапката на зараза почна да паѓа откако околу 20% од луѓето развија анти-тела, што е многу помалку од инцијалната проценка за потребни 60% до 80%.

Земјите без карантин, како ЈапонијаБелорусија и Шведска, не искусија многу полош развој на настаните од другите земји. Шведска беше и пофалена од СЗО. 75% од шведските смртни случаи се случија во домови за стари лица на кои не им беше обрнато доволно внимание и заштита.

Неоправдан беше стравот од недостаток на респиратори. Според специјалисти за бели дробови, инвазивната интубација, кон која се прибегнуваше поради страв од ширење на вирусот, често се покажа контрапродуктивна и штетна по белите дробови.

Главни начини за трансмисија се директниот контакт и капките кои се создаваат со зборување или кашлање, но и аеросоли во затворен простор, кои речиси лебдеат во воздухот. Аеросоли на отворен простор и површини на објекти се чини дека имаат мала улога.

И натаму постои лимитирана научна евиденција за ефикасноста на маските а повеќето земји со задолжително носење маски не успеаја да ја спречат или забават епидемијата. Експерти потсетуваат дека маските можат да бидат “носители на бактерии” ако се користат неправилно или предолго.

Многу клиники во Европа и САД се недоволно искористени поради затворањето а милиони операции и третмани беа откажани, вклучувајќи скрининзи за рак и трансплантација на органи.

Неколку медиуми беа фатени во обид да ја драматизираат состојбата во болниците, некогаш со манипулативни фотографии и видеа, Генерално, непрофесионалното известување на многу медиуми го максимизираше стравот и паниката кај населението. Како резултат на тоа, според меѓународни студии, повеќето луѓе драматично ја преценуваат опасноста и смртноста од ковид-19.

Во ниеден момент не постоеја медицински причини за затворање на основни училишта, бидејќи ризикот од заболување и трансмисија кај деца е екстремно низок. Не постојат ни медицински причини за мали одделенија, маски и правила за социјално дистанцирање во основните училишта.

Извор: офф.нет.мк и Swiss Policy Research

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •