октомври 30, 2020

ТАВ ќе подели 400 откази?

НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СЕ ДЕЛАТ ОТКАЗИ ДОЗНАВА АЛФА ОД ИЗВОРИ МЕЃУ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТАВ. СПОРЕД НАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ СТАНУВА ЗБОР ЗА ФАНТАСТИЧНА БРОЈКА ОД 400 ОТПУШТАЊА, ЗА КОИ СЕ ПРОЦЕСУИРААТ ОТКАЗИТЕ ОТКАКО ЗАВРШИ РОКОТ ДО КОЈ НЕ СМЕЕШЕ ДА СЕ ОТПУШТААТ ВРАБОТЕНИ ОД ФИРМИТЕ КОИ ЗЕМАЛЕ ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА КОВИД КРИЗАТА. ПОБАРАВМЕ ОДГОВОР ОД ТАВ. ДЕМАНТИРААТ ДЕКА ОТПУШТААТ И ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА 400 ЛУЃЕ. КАКО ШТО ВЕЛАТ „НЕ БИ БИЛО ВОЗМОЖНО СО ТОЛКАВО НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ДА ФУНКЦИОНИРААТ АЕРОДРОМСКИТЕ ОПЕРАЦИИ“. 

“КАКО РЕЗУЛТАТ НА КРИЗАТА ОД КОВИД 19, КОЈА СЕРИОЗНО ЈА ПОГОДИ АВИЈАЦИЈАТА ВО ГЛОБАЛНИ РАМКИ, ПО ПОВТОРНО ОТВАРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ НАШИТЕ ОПЕРАЦИИ СЕ НАМАЛЕНИ, СЛЕДСТВЕНО И НАШИТЕ ПРИХОДИ СЕ НАМАЛЕНИ ИСТО ТАКА, ДОДЕКА ТРОШОЦИТЕ ОСТАНАА ИСТИ. ПОРАДИ ОВА, РАБОТИМЕ ДА ГО БАЛАНСИРАМЕ КОНТИНУИТЕТОТ НА БИЗНИСТОТ И ВРАБОТУВАЊАТА.” – ВЕЛАТ ОД ТАВ ВО ОДГОВОРОТ ЗА АЛФА.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •