Пред банка во Охрид извадија и столчиња

Хаосот пред банките никако да се среди. Со саати се чекаат редови за да се подигнат пари, уплатат рати или да се заврши било која работа. Се делат штампани ливчиња со реден број, но како се делат? Помалите бројки на блиски, оние повисоките на оној кој не го знеш.
Од неодамна пред банка во центарот на Охрид има и столчиња, некој се досетил дека ред чекаат и пензионери и инзнемоштени лица, па извадил столчиња да не седат по тротоари или да не стојат неколку саати. Но добро ќе беше да се сетеа да ставеа и некој чадор затоа што граѓаните кои чекаат ред со саати стојат на 40 степени на сонце!
За авторот
Сподели