ноември 27, 2020

Коневски до Мицкоски: Зошто одбиваш достоинствено да си заминеш од функцијата кога и сам знаеш дека времето е дојдено?

Ивица Коневски

Сѐ уште актуелен претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, зошто одбиваш достоинствено да си заминеш од функцијата кога и сам знаеш дека времето е дојдено? Зошто упорно продолжуваш да се срамиш себеси упатувајќи навреди и клевети кон луѓето кои бараат твоја оставка?
Зошто се криеш зад партијата и постојано повторуваш дека е тоа напад врз ВМРО-ДПМНЕ?
Немаш право бесрамно да користиш ниски навреди и вулгарни зборови за луѓе кои животот го посветиле на ВМРО-ДПМНЕ, кои создале толку многу работејќи за државата и кои немаат ни најмала црна дамка во кариерите.
Ти не си ВМРО-ДПМНЕ и едноставно не можеш да се поистоветуваш со партијата. Погледни го својот рејтинг, тој е дупло понизок од оној на самата партија.
Сѐ уште актуелен претседателе, барањето вонреден конгрес за избор на нов лидер е нормална работа во секоја демократска партија.
После сите изречени навреди, падна маската на универзитетскиот професор и се појави еден неморален човек кој некогаш повторно ќе застане пред своите студенти. Но, со кое лице? Повеќе од очигледно е дека твојата титула си ја добил преку непотизам, токму она против кое се бореше Владата водена од ВМРО-ДПМНЕ и донесе Закон за во иднина да не се случуваат вакви грешки, како што, за жал, си ти.
Биди сигурен дека вонреден конгрес ќе има и тоа со огромна поддршка од делегатите кои во 2017 година тебе те направија претседател на партијата.
Имај барем за крај доблест и свикај го сам вонредниот конгрес за да се поштеди партијата од поделби, застани пред делегатите со крената глава, заблагодари им се за довербата што ти ја укажаа и обиди се да го подобриш впечатокот за тебе во нивните очи.

Тие се ВМРО-ДПМНЕ, а не ти!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •