За две години државните институции потрошиле над 8 милиони евра за купување нови возила

Државните институции во последните две години се подновиле со 392 возила купени од салон, а за нив потрошиле повеќе од 8 милиони евра, покажува истражувањето на Центарот а граѓански комуникации во соработка со USAID.
Најскапото возило марка “Ауди А6” го купила Општина Струга кое чинело 66 илјади евра. Најмногу трошела службата за општи и заедничи работи која испазарила 46 Пасати по 39 илјади евра за секој.
Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади, а средната вредност за сите изнесува 17 илјади евра. Според претседателот на Центарот кој го спроведе истражувањето Герман Филков овие податоци го наметнуваат прашањето зошто на институциите им биле потребни скапи и моќни автмобили, а вакво објаснување не било дадено ниту во тендерите.
-Она што го покажа истражувањето е дека конкуренцијата е многу ниска на тендерите а купување на овие возила , односно дури на 71 проент од тендерите имало само еден понудувач знаејќи дека имаме многу дилери навистина зачудува и можеби упатува на дополнителни истражувања да се откријат ризиците од ситуација на институциите да си набавуваат возила какви што сакаат.- Герман Филков
Најголем дел од возилата биле купени, но дел биле земени на лизинг, што според Филков е нерационална одлука од страна на институциите.
-Нашите анализи покажуваат дека сепак е порационално возилото да се купи отколку да се земе на лизинг. -Герман Филков
Истражувањето покажало дека најомилени им биле марките Шкода и Фолсваген, од кои купени биле 100. односно 88 нови возила.
Од фирмите, најголема вредност на договорите имаат „Порше лизинг“ со 3 милиони евра, кумановската „Делукс-ауто“ со 1,2 милиони евра, „Еуроимпекс“ со 890 илјади евра и битолската „Јосифов“ со 720 илјади евра.