октомври 29, 2020

Конечно решена мистepијата кој ја гради дивогpaдбата пред Мавровка

Мевлудин Алити е човекот кој што не може да добие покана за разговор од институциите. Тој е сопственик на парцелата на која што се гради дивоградбата. Но, ИРЛ открива дека неверојатната приказна за создавањето на бетонското чудовиште пред трговскиот центар „Мавровка“ почнува многу порано од дивата сеча на дрва и пожарот во кафулето „Фонтана“ кога овој човек пред 8 месеци успева да легализира времен објект, пренесува ИРЛ.

Кон крајот на март годинава Мевлудин Алити ќе го паркира своето возило пред скопскиот трговски центар „Мавровка“, ќе извади пила и ќе ја исече старата липа којашто ја создаваше сенката врз терасата на популарното кафуле „Фонтана“. Времето е квечерина, а освен полицијата и новинарите, речиси и да нема луѓе низ градот кој што во тоа време е во строг карантин.

Престапникот ќе стане познат по три дена откако Комуналната инспекција на Град Скопје ќе побара од скопската полиција да и ги даде снимките од камерите на булеварот. Мевлудин Алити со адреса во Чаир е човекот чијшто идентитет ќе го оддадат безбедносните снимки.

Според кажувањата на еснафот во трговскиот центар, Алити живее во Сингелиќ, а не во Чаир. Според дописот на Град Скопје до ИРЛ, и тие имале проблем да му ја достават казната на сторителот оти нивната покана била вратена од адресата којашто на Алити полицијата му ја води како постојано живеалиште.

На сегашната локација каде што се прави нелегалниот објект еден човек ја поседува и фирмата која што го оперира кафулето “Фонтана” – ТП со угостителска дејност бифе АМ Фонтана Алити Бајрам Мевлудин Скопје и имотниот лист за објектот. Објектот каде што се наоѓаше кафулето „Фонтана“ имотен лист добил пред нешто повеќе од половина година откако Мевлудин Алити поднесува барање за легализација.

Кафулето „Фонтана“ отворено во 1998 година во катастарот се водело како времен објект затоа што е на јавна површина. Во последните пет години, кафулето се промени во обем и од летна тераса се прошири кон скалите. Но, според јавните документи, општина Чаир го одобрила барањето за легализација на времениот објект во декември 2019 година.

Сите институции на Мевлјдин Алити му доставуваат покана за разговор во врска со информациите за градењето на неговата парцела служејќи се со адресата во Чаир. Од општина Чаир вели дека без доказ кој е вистинскиот инвеститор, се што можат тие да сторат е да одат на лице место на локацијата каде што се гради за да му врачат решение за инспекциски надзор за рушење на дивоградбата, но велат дека немало кој да го прими. Инспекторите оделе напати, но велат дека не затекнале никој на лице место. Од општината велат дека го исконтактирале сопственикот на „Фонтана“, но тој им кажал дека не го гради новиот објект, па од таа причина решението за рушење се води на непознат сторител. Во меѓувреме од општина Чаир се уште чекаат да заврши вториот тендер за компанија за рушење, за да можат самите да ја отстранат дивоградбата кај Мавровка.

Прочитајте ја целата сторија на ИРЛ.МК

Извор: ИРЛ

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •